Туризмот и угостителството влегуваат во критичен период, неопходен е нов сет на мерки


Денес, 22 мај 2020 година, во Скопје, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа прес конференција за претставување на клучните наоди од Студијата за ефектите врз приватниот сектор – туризам и угостителство погоден од здравствено-економската криза предизвикана од COVID-19 пандемијата со препораки за справување со економските последици.

За постигнување на целта на студијата, направена беше анализа на секторот туризам и угостителство, спроведена е анкета со компании и интервјуа со претставници на секторот, користени се статистички податоци и беа спроведени истражувања за меѓународните искуства поврзани со справување со оваа криза како и мерките кои се преземени во земјата, а се однесуваат на секторот. Во студијата, на основа на спроведените истражувања дадени се препораки – краткорочни и долгорочни мерки за справување со кризата од COVID-19.

„Во услови кога ситуацијата за туризмот е многу болна и сложена, тешко е да замислиме дека една мерка може да ги компензира последиците од пандемијата COVID-19, пред се заради обемот на проблеми кои произлегоа и веќе се зголемуваат и навлегуваме во еден критичен период за кој ќе биде неопходен нов сет од економски мерки. За да се обезбеди економски опстанок и враќање во нормалана на компаниите од туристичко-угостителскиот сектор, но и да се одржи рамнотежа помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот потребно е прилагодување на пакетот мерки, но и условите за нивно користење, особено во делот на времетраењето на помошта, висината на кредитите кои треба да постигнат ликвидност кај компаниите, ослободувањето од давачки како придонеси и други оптоварувања кои нема како да бидат покриени без економска активност, како и сите други давачки на кои државата не може да смета доколку компаниите немаат економска активност“ истакна експертот Кристијан Џамбазовски, коавтор на студијата.

Кај 42 претпријатија од вкупно 64 кои беа анкетирани или 67% од испитаните, бројот на вработени се намалил помеѓу 81-100% како резултат на кризата. Кај само 22 претпријатија или 34% од испитаните, кризата од COVID-19 се уште не се одразила на бројот на вработени.


Видете следно

Угостителите тврдат дека го почитуваат протоколот, инспекторите „начекале” жива музика – почнува изрекувањето казни

Отворивме по пропис, растојание метар и пол од маса, со дезинфекциски средства, без задржување на …