Туркиш ерлајнс веќе е спонзор на Борусија Дортмунд


Туркиш ерлајнс стана спонзор на германскиот фудбалски тим Борусија Дортмунд во жестоката конкуренција со авиопревозникот од Персискиот залив.По Барселона и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд стана третиот фудбалски гигант, спонзориран од THY, кој се стреми кон доминантна улога во авиосообраќајот.

Договорот доаѓа точно на време – пред моментот во кој Борусија Дортмунд ќе игра на 25 мај во големото финале на Лигата на шампионите во фудбал со Баерн Минхен.

Туркиш ерлајнс две години по ред (2011 и 2012) беше прогласуван за најдобар авиопревозник на Европа. Авиокомпанијата превезувала 39 милиони патници во 2012 година, за разлика од Емиратите каде бројот е 34 милиони и има намера во 2020 година, кога Истанбул се надева дека ќе ја добие битката за домаќинството на летната олимпијада со Мадрид и Токио, да достигне 96 милиони патници.

Тие потрошија речиси 20 милијарди долари за да нарачаат околу 200 нови авиони на Боинг и Ербас.

Од Тркиш ерлајнс не го кажуваат износот кој го плаќаат за спонзорство, со објаснување дека ги трошат милионите на најдобар можен начин, пренесе news expert.

фото: aa.com


Видете следно

„Вашингтон пост” со поддршка за Бајден на претседателските избори

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост” денеска објави дека го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден на …