Турската фондација МААРИФ купи дел од студентскиот кампус на ФОН


Турската фондација МААРИФ купи дел од студентскиот кампус на Американскиот универзитет на Европа-ФОН, сопственост на компанијата ФИНЕ.

– Станува збор за аквизиција на повеќе од 10 000 квадратни метри простор што претставува почетна фаза во реализација на плановите за проширување на Меѓународните училишта „Маариф” во Скопје, кои досега функционираа во Тетово, соопшти Фондацијата.


Договорот помеѓу ФИНЕ и МААРИФ го официјализираа Фијат Цановски од ФИНЕ и Селим Џерах, член на одборот на доверители на МААРИФ. хс/ац/

Скопје, 13 април 2021 (МИА)


Видете следно

Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која …