Турската Yildiz ја купи британската United Biscuits


Турската компанија за производство на кондиторски производи Yildiz објави дека го купила најголемиот британски производител на бисквити United Biscuits. Компанијата била продадена од акционерите на инвестициските фондови Blackstone и PAI Partners. Претставници на Yildiz, изјавија дека ќе се стремат да го забрзаат растот на компанијата преку веќе изградената логистичка мрежа од нив и партнерските договори.

Иако во соопштението на сајтот на United Biscuits не се наведува цената на трансакцијата, од Financial Times, ја проценуваат на повеќе од 2 милијарди фунти. Тоа значи дека Yildiz ќе плати повеќе од десет пати од вредноста на годишните приходи на компанијата пред оданочување и амортизација.

Пред Financial Times главниот финансиски менаџер на Yildiz Џем Каракас истакна дека договорот речиси ќе ја удвои продажбата на компанијата во меѓународен план како дел од вкупните приходи. Според него, тие ќе достигнат барем 70%.

Каракас предвидува уште дека турската компанија ќе продолжи да го зголемува меѓународното присуство. Продажбата на Yildiz во Централна и Источна Европа, Африка и Блискиот Исток биле во вредност од 7 милијарди. Долари во 2013 година

United Biscuits е најголемиот производител на бисквити во Велика Британија и е на второ место по удел во Франција, Белгија и Ирска. На Островот таа е сопственик на популарните брендови McVitie’s, Penguin, go ahead !, McVitie’s Jaffa Cakes, Jacob’s, Jacob’s Cream Crackers, Twiglets, Mini Cheddars и Carr’s. Британската компанија има речиси двестагодишна историја.

Основана пред 184 години таа има вкупно 14 претпријатија во светот – 11 во Европа и по едно во Нигерија, Саудиска Арабија и Индија. Во компанијата работат 7171 лица. Турската компанија го поседува уште и познатиот бренд “Улкер”.



Видете следно

Пендаровски: Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме!

Обраќање до јавноста на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски Почитувани граѓани, Ви се обраќам …