Турција годишно извезува ТВ сапуници за 200 милиони долари


Во светски рамки со 200 милиони долари годишно, Турција е на второ место по САД, во извоз на телевизиски серии и планира во 2023 година овој експорт да достигне 2 милијарди долари. Тоа го изјави на прес-конференција Мехмет Бјукекши, шеф на турската Унија на извозниците.

По неговите зборови во 2017 година, вкупниот износ на кино и телевизиската индустрија требало да достигне 100 милијарди долари. Истакнувајќи го сегашното второ место на Турција по извоз на телевизиски серии, тој додаде дека плановите на Анкара се во 2023 година овој експорт да достигне 2 милијарди долари. Според статистика во последната деценија извозот на турски серии рапидно расте.

Турски серии се извезуваат во над 100 земји, а приходите од овој бизнис придонесуваат за развојот на локалната телевизиска индустрија. Во 2012 година извозот на турски сапунски опери достигна 200 милиони долари, а во 2004 година беше само 10 000 долари.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …