Турција ќе започне изградба на трета нуклеарна централа до 2019 година


Турција планира да започне со изградба на третата нуклеарна централа без учество на странски компании меѓу 2018 – 2019 година. До тогаш треба да биде подготвен тимот, кој ќе работи на проектот, рече премиерот Ахмет Давутоглу, пренесува „Хуриет дејли њус”

“Турција мораше да чека до 2000 година, за да има своја нуклеарна централа, како Франција, на пример, која има цели 60 или Јапонија, каде се 100. Нашата земја ќе има две централи до 2023 година”, објасни тој.

Во 2011 година, земјата склучи договор со рускиот енергетски гигант „Росатом” за изградба на нуклеарна централа во провинцијата Мерсин. Изградбата нејзина треба да започне следната пролет. Заедно со тоа, во северната провинција Синоп, јапонско-францускиот конзорциум ќе гради втора таква.


Видете следно

Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република …