Турција се насочи кон Африканскиот пазар


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вели дека Турција има за цел да ја зголеми размената на трговија во 2015 година во африканските земји и таа да изнесува $ 50 милијарди долари, пренесува агенцијата Анадолија.

Турција вложува големи напори за развојот на Африка, изјави турскиот премиер пред да замине за Габон. Турнејата опфаќа три африкански држави, и ќе трае до 11 јануари. Ердоган ќе има разговори со претседателот и премиерот на Габон, а потоа заминува во Нигер, а на 10 јануари ќе биде во Сенегал.
Размената на трговија на Турција во африканските земји во 2003 година се искачила на $ 5 милијарди, а во 2011 година се зголемила до $ 17 милијарди.

Турција отвори свои амбасади во 19 африкански земји во последните три години, со што бројот на турските дипломатски мисии на континентот достигнаа 31. Ердоган истакна дека Турција има намера во следните неколку месеци да отвори амбасади во уште три африкански држави.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …