Турција со највисока стапка на невработеност во последните 10 години


Стапката на невработеност во Турција се зголеми на 14,7 отсто во декември-февруари, и тоа е највисоко ниво за последните 10 години, според податоците на Турскиот институт за статистика, соопштува Ројтерс.

Не-земјоделската невработеност за истиот период изнесува 16,8%, покажуваат податоците. За периодот ноември-јануари, невработеноста е 13,5%, а не-земјоделската – 15,6%.

Невработеноста на крајот на февруари-април 2009 година изнесуваше 14,7 отсто, додава агенцијата.


Видете следно

Колку изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен ?!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …