Творештвото на македонските автори претставено пред турската читателска публика  и турските издавачи во Истанбул


Министерот за култура Хусни Исмаили кој деновиве престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, во Музејот на уметноста присуствуваше на настанот на кој беше претставено творештвото на повеќе македонски автори во рамки на 38. Меѓународен саем на книгата во овој град.

Пред турската читателска публика и турските издавачи беше претставено творештвото на младите македонски автори Славица Гаџова-Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерск. За таа цел беше изготвен и каталог со  извадоци од нивните прозни и поетски дела преведени на турски јазик .

Настанот, во организација на Културно-информативниот центар во Истанбул, беше во рамките на проектот „Претставување на македонски автори во Истанбул“ во организација на издавачката куќа „Восток“.


Видете следно

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Eфикасностa на Тутунски комбинат Прилеп е резултатот од петгодишното стратешко партнерство остварено со Филип Морис …