Twitter стана и платежен систем


Корисниците на Twitter во Франција веќе можат да префрлуваат пари едни со други онлајн, само со испраќање на твитови. Новата функција е достапна за секого со банкарска сметка во Франција и профил на Twitter, соопшти Фајненшл тајмс.

Партнерот на социјалното вмрежување на услугата е Groupe BPCE кој го зазема второто место во Франција по број на клиенти. BPCE и Twitter ќе откријат детали за новата услуга подоцна денеска на прес-конференција во Париз.

Неодамна Twitter започна да го тестира копчето „купи”, со помош на која корисниците можат да купуваат директно од социјалната мрежа. Партнерите на Twitter во овој потфат се услугата за онлајн плаќања Stripe во Сан Франциско, социјалната трговска мрежа Fancy во Њујорк и маркетинг фирмата во сферата на забавата Music Today.

Според аналитичарите, Twitter ќе проба нови начини за профит, така што ќе комуницира со банки и платни системи. Социјалната мрежа треба исто да докаже својата вредност како рекламна платформа. Во оваа година акциите на Twitter поевтинија 17%, поради одложеното темпо на растот на корисниците, додека акциите на Facebook поскапеа за 35%.

 


Видете следно

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Скопје, 25 септември 2020 (МИА) – Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од …