Уапсен и Давидовски за крвавиот четврток


Шведската полиција по налог на „Интерпол“ го уапси обвинетиот за кравиот четврток Дејан Давидовски -Дешо. Дешо избега од државата, а од Обвинителството за гонење организиран криминал му бил определен екстрадициски притвор.

Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. За Давидовски беше распишана меѓународна потерница.

Инаку потсетуваме интерпол имаше распишано потерница за Никола Митревски, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски, осомничени за насилството во Собранието на 27 април.


Видете следно

ОЈО: откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на …