Уапсен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски


Уапсен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, е уапсен синоќа.

Тој бил на апанажа до 16 јуни 2018 година и оттогаш е во партискиот безбедносен совет.

Тогашниот директор на УБК Атанасовски раководеше со функцијата од први септември 2016 година до 16 јуни 2017 година.

Владимир Атанасовски дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Веднаш по дипломирањето, во 2008 година бил вработен во Управата за спречување перење пари, а бил и советник во Одделението за меѓународна соработка. Во 2010 година бил назначен за директор во Управата за финансиско разузнавање.

Според сведочењето на обвинетиот Михаил Младеновски, за време на минатогодишните настани во Собранието на 27 април Атанасовски го организирал насилниот упад во законодавниот дом, организирал купување на фантомки.


Видете следно

Силјановска започна со собирање потписи: Еве што соопшти на Facebook

„Почитувани граѓани, Како што веќе најавив, од денес, па во наредните две недели, ќе се …