Скопјанецот Светозар Петровиќ познат како „Лаки Арамбаша” синоќа е уапсен од страна на полицијата. Тој е познат како еден од членовите на протестите „За заедничка Македонија“ кој упадна во Собранието на 27 април.
Петровиќ се бараше за издржување на казна затвор од 1 година и 6 месеци, а тој е осуден за кривичното дело лажно идентификување и долго време бил во бегство. Петровиќ бил уапсен во куќа во населба Кисела Вода, веднаш спроведен во затворот Идризово. Тој беше уапсен по судска наредба.
Петровиќ е близок роднина на Тодор Петров, претседателот на македонскиот Светски конгрес.