Учениците од музичкото училиште Пијанофорте со бројни меѓународни награди


Музичкото училиште ПИЈАНОФОРТЕ освои високи награди на реномирани натпревари во Белгија и Србија.

Членови на оркестарот се: Елена Димитрова ,Патриција Поповиќ, Ања Митев, Јан Стојановски, Лука Кадриќ, Стефан Ставридис, Матеј Додевски, Матеј Лозановски, Михаил Стајковиќ, Мила Вукиќевиќ, Инес Ал Сабах, Сара Пешиноска, Филип Волкан, Јана Муличкова, Илина Пановска.

Освоени Награди оваа година…

· Пет Први награди на VI Интернационален натпревар по пијано „Смедерево”, Смедерево 2019

· Втора награда за ансамбл со мешовити инструменти на LXVII европски музички фестивал ЕМЈ 2019, Неерпелт, Пелт 2019.

· Втора награда на интернационалниот фестивал за гитара “International Guitar Festival , Tremolo”, Скопје 2019

· Втора и трета награда по виолина на XXIV меѓународен натпревар „Петар Коњовиќ”, Белград 2019

· Две Први награди на државниот натпревар “Хорски смотри” во категорија индивидуално пеење Скопје, 2019

Виолинскиот оркестар на ПИЈАНОФОРТЕ повторно го освои второто место на престижниот европски музички фестивал “Europees Muziekfestival voor de Jeugd” во Неерпелт, Белгија.

За прв пат 2017 година, ПИЈАНОФОРТЕ на покана на организаторите на фестивалот учествуваше на најпрестижниот Европски музички фестивал “Europees Muziekfestival voor de Jeugd” во Неерпелт, Белгија каде што виолинскиот оркестар освои второ место. Со незаборавни впечатоци и искуството придонесоа овој ансамбл да го доживее својот развој до неочекувани граници. По две години раст, настапи, патувавања, учествa во добротворни настани, поддршка на музички работилници за идни ученици по музика и натпревари, и оваа година се пријавија на фестивалот ЕМЈ во Неерпелт, Белгија, во проширен состав,

Традиционално, викендот пред Денот на Европа, 9 Мај, градот Неерпелт, Пелт беше домаќин на собирот на млади талентирани музичари кои настапуваат на овој глобален настан како дел од своите хорови, оркестри и ансамбли. Мноштвото музички настапи се одвиваат пред комисија составена од врвни професионалци од областа на музиката.

Заедно со младата пијанистка Илина Пановска, ученичка на Кристина Ангелова, се здружија најупорните виолинисти од целата виолинска класа на ПИЈАНОФОРТЕ подучувани од професорите Марина Чадо, Олгица Зарова, Тереза Крцоска и Магдалена Попоска. Под диригентската палка и аранжмани подготвени од д-р Тереза Крцоска.

Професорката Тереза Крцоска изјави:

· Како музички професионалец, горда сум што го гледам резултатот до долгогодишната работа. Некои од овие деца свират виолина и по осум години. Свират репертоар на ниво за влез во средно музичко училиште, а градат и ансамблова етика на ниво на професионален ансамбл. Како музички педагог,среќна сум што гледам како се дружат меѓу себе, го запознаваат животот и се градат мрежа на пријателства со други земји. Горда сум што земаме високи награди во силна конкуренција и што добиваме пофални зборови од стручното жири. Но, уште посреќна сум што гледам како се дружат преку музика! По прогласувањето на наградите, во кампот каде бевме сместени, учениците се споија со новите пријатели од Холандија сместени во истиот камп и заедно свиреа дел од композициите со кои претходно се натпреваруваа. За мене – нема подобра награда од тоа, потенцира Крцоска.

На аеродромот во Ајнховен спектакуларна изведба:

· Учениците на ПИЈАНОФОРТЕ чекајќи го летот кон своите родни краишта спонтано, своеволно и со гордост ги отвориле своите мали ташни од каде ги извадиле своите виолини и започнале да свират.Патниците на аеродромот биле убаво изненадени и воодушевени од финалното заокружување на прекрасното дружење и учество на фестивалот ЕМЈ во Неерпелт, Пелт, Белгија.


Видете следно

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Eфикасностa на Тутунски комбинат Прилеп е резултатот од петгодишното стратешко партнерство остварено со Филип Морис …