УХМР: Најава за нестабилно време


Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и студена воздушна маса, денес кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и ќе преминуваат во снег, во северните делови насекаде, додека во останатите подрачја во пониските места се уште ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утре ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната. Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има вдолж Повардарието каде ќе биде најветровито.

Од среда попладне следува благо затоплување, па до крајот на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд.


Видете следно

И Јанушев се откажа од патните трошоци

Од патни трошоци се откажа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Тој тоа го …