УХМР: Очекувајте нестабилно време наредните денови


Во првите два дена од работната седмица се уште ќе биде топло, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и западните делови каде ќе има и опаѓање на дневната температура. Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата. Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …