УХМР: Од утревечер дожд и снег на планините, од четврток пораст на дневните температури


Нов бран од врнежи од дожд ќе почне утревечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

– На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер, соопшти УХМР.

Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. хс/ац/

Скопје, 5 април 2021 (МИА)


Видете следно

Директорот на АВРСМ Абдуш Демири донираше ковалесцентна плазма

Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска на Институтот за трансфузиона медицина на РСМ …