УХМР: Утре температури до минус 13 степени


До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб доумерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури утре ќе се движат од минус 13 до минус 3 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус 7 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени.


Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР. рп/дма/

Скопје, 13 јануари 2022 (МИА)



Видете следно

Повторно високи бројки: Направени се 6.353 тестови, а еве колку нови случаи се регистрирани со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …