Украина лидер во извоз на масло


Украина го држи светското лидерство за извоз на сончогледово масло, и пласирање на странските пазари од јули 2012 година. Тие извезуваат $2 милијарди, информираше прес службата на украинското Министерство за аграрната политика.

Податоците на Министерството покажуваат дека Украина продава во странство повеќе од 1,7 милиони тони масло, што е за 26% повеќе во однос на истиот период претходната година.

“Во тековната пазарна година Украина е на прво место во светот по обемот на трговијата со сончогледово масло, заземајќи 50% од светскиот пазар”.

Според него секој втор литар масло, кој се продава во светот, е произведен од Украина. “Од почетокот на пазарната година во земјата се произведени 2 милиони тони од овој производ, при што околу 80% се пристигнати на странските пазари”, додаде министерот.

Според информации на Укролијапром во пазарната 2011/2012 година производството на сончогледово масло во Украина изнесуваше 3,8 милиони тони, а извозот 3,2 милиони тони.

Вкупниот капацитет на украинските претпријатија за преработка на сончогледово семе е околу 6 милиони тони годишно, а тоа е значително над обемот на суровините, одгледувани во земјата.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …