Украина нуди парична награда за вакцинација против Ковид-19


Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи награда за Украинците кои примиле две дози вакцини против коронавирус. Мерката е донесена со цел да се охрабрат останатите граѓани да се вакцинираат.

– Секој што ќе прими две дози ќе добие по 1.000 гривни (околу 35 евра), најави Зеленски.


Наградата е понудена во момент кога само една третина од Украинците се целосно вакцинирани. Сумата може да се потроши во спортски сали, кина, театри, музеи или патување со воз или авион низ земјата. На овој начин ќе се поддржат и индустриите погодени од корона-кризата. гт/

Киев, 16 ноември 2021 (МИА)



Видете следно

Марин: Членството на Финска во НАТО е многу неверојатно

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да …