Улицата Петричка во Маџир Маало ќе добие нова канализациона и водоводна мрежа


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го означија почетокот на изградба на канализациона и водоводна мрежа на улицата Петричка во скопската општина Центар.

Проектот предвидува изградба на колектор за фекална канализација во должина од 250 метри како и реконструкција на водоводна мрежа во должина од 263 метри. Инвестицијата е 8 милиони денари.

“Заеднички започнуваме со изградба на канализациона и атсмосферска мрежа како и реконструкција на водоводната мрежа по улица Петричка во вкупна должина од околу 500 метри.  Изградбата отпочнува денеска и според проектот треба да биде завршена март следната година, така да жителите за шест месеци од сега ќе добијат подобри услови за живот.

За мене, а верувам дека ќе се сложите и вие е незамисливо во 21 век да се нема канализација или водовод. Ние ветивме дека во секое населено место каде што нема канализација или водовод ќе изградиме. Ова е тоа што го ветувавме да го зголемиме процентот на покриеност со водоводна и канализациона мрежа на ниво на цела држава”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој потенцираше дека во моментов се работи на изградба и реконструкција на преку дваесетина водоводи и канализации  и најави подготвка на јавни повици за уште десетина проекти од комуналната инфраструктура.

За градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овој проект е од исклучително значење бидејќи се решава еден крупен проблем со жителите на оваа улица во Маџир Маало.

“Ваков капитален проект овде немало педесетина години. Добро е што централната власт дава грант средства на општините за реализација на проекти со кои ќе го подобриме живеењето на граѓаните”, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …