Ултрамаратон во чест на Рацин, од Велес до планината Лопушник


Во чест  на големиот македонски поет Коста Солев Рацин и во  рамки на 60.


Рацинови средби, утрово од пред неговиот споменик во велешката гимназија, која го носи неговото име, почна   150-километарскиот ултрамаратон до планината Лопушник, Кичевско, местото на погибје на поетот.


На ултрамаратонот учествуваат тројца искусни маратонци: Зоран Димов и Верољуб Додевски од Велес и Томе Спасовски од Скопје.

Од Општина Велес им посакаа среќен пат на ултрамаратонците, поволни временски услови и добро здравје.


Тие воедно ќе им посакаат и добредојде  на ултрамаратонците на Лопушник  на 13 јуни, денот кога  во 1943 година, пред 80 години,  е убиен Рацин. Попладнево, на вториот ден од програмата на 60.

Рацинови средби, од 18. 30 часот ќе бидат положено букети цвеќе во чест на Рацин пред неговиот споменик пред гимназијата „Кочо Рацин“.


Веднаш потоа, во 19 часот, и пред споменикот на Рацин во центарот на градот, а на двете места ќе бидат читани и стихови од поети посветени на Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање ќе почне во 20 часот на Спомен-костурницата од НОВ, со положување цвеќе на местото каде почива Рацин заедно со стотина борци од Велес и Велешко.


На свеченоста ќе биде врачено и Рациновото признание за 2023 на Блаже Миневски, а ќе се одржи и музичко-сценски перформанс „Рацин –живот без компромис“. ад/хс/   .

Извор: МИА