Унапредување на квалитетот и безбедноста на е-услугите во јавниот сектор


Во време на врвен технолошки напредок сите напредни земји ги развиваат јавните услуги на технолошка платформа која има капацитет да овозможи континуирано подобрување на услугите што јавниот сектор ги нуди на граѓаните и фирмитe. Во пошироки рамки тоа не значи само поквалитетна и побрза услуга туку и врвна безбедност од сајбер напади, нови перспективи во образованието и поконкурентна економија на отворен пазар.

Мајкрософт деновиве го објави 24-тиот извештај за онлајн безбедноста познат како Microsoft Security Intelligence Report (SIR). За подготовка на овој извештај секојдневно Мајкрософт анализира над 6,5 трилиони безбедносни сигнали со цел да добие широка и уникатна перспектива на последните трендови во доменот на сајбер безбедноста.

Според SIR како сериозен ризик се наметнува растечкиот тренд од напади на процесите на надградба на софтвер. Ова е причина за сѐ поголема загриженост на ИТ лидерите бидејќи ваквите напади може во голема мера да ги направат ранливи компаниите. Вметнувајќи штетен код  во софтверот или неговата надградба напаѓачите ги добиваат истите доверба и пристап до податоците на корисникот како легалниот софтвер. Исто така ризикот од т.н phishing или стекнување пристап до личните податоци на корисниците на мрежата со измама, преку лажни мејлови кои наликуваат на пораки од кредибилни компании, е во пораст за 250%.

Мајкрософт во континуитет работи на протоколи за детекција и спречување сајбер напади. Безбедноста на податоците и онлајн комуникацијата се императив во доменот на јавниот сектор кој нуди услуги и претставува поддршка за економијата и граѓаните.  Од тие причини државите избираат да соработуваат со Мајкрософт за да се овозможи имплементација на современа софтверска технологија во доменот на јавните услуги со што ќе се постигне поефикасна и поквалитетна работа на државната администрација и врвна безбедност на целокупниот процес на онлајн комуникација, трансфер на податоци и трансакции.

Технолошката платформа на Мајкрософт овозможува дигитална трансформација на која ќе се развиваат дигитални јавни услуги за сите граѓани и компании.

  • Силната, стабилна и безбедна дигитална поддршка секогаш претставува основа за побрз развој на локалната економија и градење модерен концепт на е-држава со едноставна и ефикасна електронска комуникација меѓу граѓаните, компаниите и институциите од јавниот сектор – вели Љупчо Георгиев, Мајкрософт менаџер за Македонија.

Технолошката платформа на Мајкрософт овозможува оптимизација на постоечка компјутерска инфраструктура, подигнување на технолошкото ниво на информациските системи во административниот апарат и врвна заштита од сајбер напади, а во пошироки рамки ваквата дигитализација на јавниот сектор води кон поголема конкурентност на пазарот.

 



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …