Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови


На вчерашната седница е усвоена и Уредба со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба, која се донесе како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување и ширење коронавирусот COVID-19, на Владата на Република Северна Македонија, се предлага намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки, така што се предлага да се пресметува и наплатува камата во висина од 0,015% за секој ден задоцнување, наместо 0,03% како што уредува Законот.

Исто така, се уредува дека Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.

На оваа седница Владата ја усвои и Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба.

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, се предлага како мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, да бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход се предлага да имаат даночните обврзници кои остваруваа доход од самостојна дејност и ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- Воздухопловен транспорт) и кои го исполнуваат следниот услов:

– Даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Исто така се предлага правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење, кои покрај гореспоменатиот услов исполнуваат еден од следните услови:

– Вкупните приходи на даночниот обврзник се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или

– Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во однос на месец февруари 2020 година, или

– Даночниот обврзник затвори најмалку 50% од продажните местата преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).


Видете следно

Европа и Централна Азија – Северна Македонија: здравствени системи, социјална заштита, и поддршка за бизниси од клучно значење за заштита на животите и егзистенцијата

Одлучувачки мерки, кои ќе стават приоритет на инвестициите во здравствените системи и обезбедување на соодветна …