Управен суд одби 78 тужби поднесени од Левица


Управниот суд одби 78 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, информираат за МИА од Управен суд.

Левица поднесе вкупно 101 тужба до Управниот суд и тие се разгледуваат на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден.


Освен по тужбите од Левица, денеска Управниот суд има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обноба на Македонија” – две и Единствена Македонија и Коалиција „Никогаш Северна само Македонија” – една, за кои Управниот суд сè уште нема закажано јавни расправи.

Претходно денеска од Управниот суд, информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.

– Заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија, како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот суд.

Скопје, 23 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Жените вработени во градските служби во Кабул ќе останат дома

Талибанците им наредија на жените вработени во градските служби во Кабул да останат дома, а …