УРЕДЕНИ 12. 000 КВАДРАТНИ МЕТРИ ЗЕЛЕНИЛО ВО СКОПЈЕ


Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатиов период подигнаа и уредија четири зелени површини во градот.

На булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата со број 54 е уреден зелен плоштад на површина од 800 квадратни метри, на којашто е поставена хидрантска мрежа од 150 метри, четири шахти, три хидранти и 12 прскалки.

Зелен плоштад е уреден и на улицата Лазар Личеновски под Кале, на површина од 819 квадрати, на која е поставена хидрантска мрежа од 20 метри, седум шахти, четири хидранти и 17 прскалки.

Уредено е и зеленило од 5.684 квадратни метри меѓу улиците Втора македонска бригада и Лазо Трповски. На оваа зелена површина е поставена хидрантска мрежа од 450 метри, 11 шахти, осум хидранти и 74 прскалки.

Јавна зелена површина е уредена и на булеварот Крсте Мисирков, до МКЦ. На оваа локација, на површина од 4.585 квадратни метри е поставена хидрантска мрежа од 100 метри, седум шахти 7, пет хидранти и 47 прскалки.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …