Уредување на јавниот простор и урбана опрема во М.Каменица


Во Македонска Каменица се уредува јавниот простор и урбаната опрема во централното градско подрачје. Штетите на урбаната опрема ги санираат екипи на каменичкото Комунално претпријатие од каде информираат дека нивни екипи ги отстрануваат и остатоците од сува трева на јавните површини.

-Продолжуваат активностите на ЈП „Камена Река” за чистење на јавните зелени простори и уредувањето на урбаната опрема во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Вработените во Јавното претпријатие со чистење од сува трева ги третираа зелените површини, додека клупите за седење покрај Градскиот кеј на Каменичка Река се бојадисани и поправени од настанатите оштетувања, истакнаа од претпријатието.

Во наредниот период, како што додадоа, јавниот простор ќе се уредува хортикултурно.

-Покрај овие активности, ЈП Камена Река во зависност од временските услови ќе продолжи со засадување нови дрвореди со листопадни и зимзелени садници на повеќе локации во градот, како и со хортикултурното уредување на јавниот простор со цвеќиња од споствено производство, додаваат од претпријатието.

Во сопствениот расадник за цвеќиња претпријатието има на располагање над 20 илјади пролетни цвеќиња кои ќе бидат засадени на повеќе локации во градот. вс/вг/

Македонска Каменица, 7 април 2021 (МИА)


Видете следно

295 санкции за брзо возење на патот Скопје-Охрид, продолжуваат засилените контроли (видео)

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум, …