Уште еден министер си поднесе оставка


Гледајќи ја политичката состојба во Република Македонија и сите обвинувања кои се прават кон мене со разни лепени, монтирани, сечени и креирани разговори каде не беа поштедени и членови на моето семејство, а со цел да не влијаам, на каква било постапка, ви ја доставувам мојата неотповиклива оставка од позицијата министер за транспорт и врски.

Во образложението до премиерот Никола Гриевски, министерот за транспорт Миле Јанакиески пишува дека смета дека неговата оставка ќе придонесе за стабилизирање на политичката состојба во Република Македонија и дека ќе овозможи земјата да продолжи да чекори на патот кон ЕУ и НАТО.


Јанакиевски му порачува на премиерот да го има предвид неговото долгогодишно искуство како министер и дека му стои на располгање за реализација на започнатите проекти на Владата, а по целосното завршување на евентуалната правна процедура и за понатамошен ангажман, сооштија од mkd.mk.


Видете следно

Користете медицинска заштита од сонце со минерални филтри кои ги одбиваат штетните УВ зраци!

Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот …