DCIM100MEDIADJI_0054.JPG

Уште една инвестиција на „Тиквеш”, нови лозови насади на 120 хектари во Велешко


Винарската визба „Тиквеш” денеска ќе ја промовира инвестицијата во нови лозови насади на 120 хектари во месноста Бабуна, во околината на Велес.

Инвестицијата е дел од четиригодишната инвестициска програма на „Тиквеш” во сегментот на примарно производство, чија цел е до крајот на 2022 година да бидат насадени над 400 хектари со нови висококвалитетни сорти грозје и да бидат обновени над 50 проценти од постојните 1000 хектари лозови насади на винарницата.


На настанот е предвидено да присуствуваат и да се обратат претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, како и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш”, Светозар Јаневски. мч/нд/

Скопје, 17 мај 2021 (МИА)


Видете следно

Тиго Фајнанс и Електрометал пионери со уникатно партнерство – над 60.000 МКД за над 60.000 производи

Отсега услугите на Тиго достапни во 3 маркети на Електрометал во Скопје Во рамките на …