Фото илустрација: STR / EPA

Уште само шест слободни кревети во струмичката болница


Седумдесет и пет ковид-пациенти се лекуваат во струмичката болница, а 16 од нив се на кислородна поддршка, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Иако полека се намалува бројот на новозаразени во Струмица, сепак бројот на пациенти кои се лекуваат од коронавирусот во болницата е голем.

– Имаме уште 30 пациенти кои се лекуваат во дневната болница, кои доѓааат тука да ја примат терапијата и потоа продолжуваат да се лекуваат дома. Вчера се испишани шест оздравени пациенти и засега имаме толку слободни кревети од вкупно 81, изјави директорот Гогов.

Двајца лекари и три медицински сестри се во изолација и во споредба со порано овој број е многу помал кога имаше десетина заразени од медицинскиот персонал.

Инаку, на почетокот на овој месец почнаа работите за поставување на модуларна ковид-болница во Струмица. На површина од околу 600 метри квадратни треба бидат поставени 36 контејнери во кои ќе има триесетина кревети наменети за пациенти со лесна и потешка клиничка слика. рт/мс/

Струмица, 10 декември 2020 (МИА) 


Видете следно

Кина ги надминува Соединетите држави и станува најголемата економска моќ

Кина може да ги надмине Соединетите држави како најголема економија во светот, вели економистот на …