Успешен настап на македонската скајринг репрезентација на ЕП во Португалија


Македонската репрезентација имаше успешен настап на Европското првенство во скајранинг, најекстремната форма на планинско трчање, кое изминатиот викенд се одржа во Сао Педро до Сул, Португалија.

На популарната дисциплина „Skyrace“ во должина од 35 километри и 3 500 висински метри најдобар резултат оствари државниот шампион Дејан Ангелоски (16. место со резултат 4 часа и 35 минути), а успешен настап имаа и Александар Кирковски (24. место) и Марјан Бонев (29. место). Во дисциплината ултра во должина од 65 километри учествуваше Никола Илиевски.


Во екипниот пласман нашите репрезентативци со вкупно 102 бодови се пласираа на 11. место од вкупно 20 репрезентации на првенството.

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) е полноправен член на Светската скајранинг федерација, а претходно македонската репрезентација со успех дебитираше на европското првенство во Италија одржано во септември 2019 година, како и на светското првенство во Шпанија една година подоцна. зс/


Скопје, 25 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Ѓерлек: Лековите ќе бидат пресвртница во борбата со коронавирусот

Иновативните лекови ќе бидат пресвртница во борбата против коронавирусот, изјави денеска државниот секретар во Министерството …