Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018


На 17 мај, во хотелот „Александар Палас“, во организација на магазинот InStore, ќе се одржи трговскиот настан на годината – 4. FMCG Summit Скопје 2018

Десет говорници, десет истакнати професионалци од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG) од Македонија, регионот, како и од Русија, ќе ги споделат своите знаења и искуства пред повеќе од 300 професионалци од средниот и топ менаџментот на македонските компании.

Самитот ќе го отвори г. Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак“, една од водечките компании во FMCG индустријата во Македонија, кој со присутните ќе ја сподели својата инспиративна бизнис-приказна.

Главен говорник на самитот ќе биде г. Миодраг Боројевиќ, извршен директор на рускиот синџир маркети „Океј“, кој ќе ги презентира предностите на македонските производствени компании и можностите за пласман на рускиот пазар.

Г. Џорџ Ангелакис, сениор консултант на Европската банка за обнова и развој, која воедно е и програмски поддржувач на самитот, пред присутните ќе ги претстави најуспешните менаџмент-практики од FMCG-индустријата.

Останатите говорници ќе дадат одговори на прашањата: Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот?

Магазинот InStore четврта година по ред го организира FMCG самитот, на кој сме особено горди, затоа што претставува уникатен настан за споделување знаење и искуство, за размена на идеи и за подигнување на културата на FMCG-секторот на едно повисоко ниво, изјави Верица Мартиновска, директорка на магазинот InStore во Македонија

InStore е уникатен регионален проект, месечен магазин за FMCG секторот кој излегува во Македонија, Србија, БИХ, Хрватска и Словенија. Во секоја од земјите, еднаш годишно, InStore го организира FMCG самитот.

 

Сите подетални информации за FMCG Summit Скопје 2018 (говорниците, темите, програмата)  можете да ги погледнете на: http://fs4.fmcg-summit.mk/#top


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …