Утре започнува исплатата на субвенциите за тутунот по убедливо највисока просечна цена


Во четврток, оваа недела, ќе започне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017 –та. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во моментов ги подготвува решенијата за исплата по што ќе следува исплатата на субвенциите.

Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

Во однос на просечната откупна цена на тутунот, оваа година се постигна убедливо највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.

Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.

Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.


Видете следно

Заостанатиот долг за потрошена вода и смет ќе може да се плати без пресметана камата за задоцнето плаќање

Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација –Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје …