Утринските температури во цела држава под нула


Во целата држава утринава температурите се под нула. Најстудено е во Берово каде се измерени -12 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот, во западните делови облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта се најавуваат локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.


Минималните температури ќе бидат во интервал од -10 до -2, а максималните од 4 до 10 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од снег.


Минималните температура ќе се спуштат до -6, а максималните ќе достигнат до 6 степени


Видете следно

Градски паркинг со санкции за 122 непрописно паркирани возила на зелени јавни површини

Во текот на изминатата недела (18.05 – 25.05.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети …