Вчера 41 возило се подигнати со “пајак”.


Во текот на вчерашниот ден (12.09.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои шест со лесни телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 62 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: седум возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и пет возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Во текот на изминатиот ден издадени се 32 мандатни платни налози, додека 41 возило се подигнати со специјално возило “пајак”.

Видете следно

ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ ДИГИТАЛНИ МЕРАЧИ НА БРЗИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

За да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди …