Вчера полицијата издала 104 мандатни платни налози, а 81 возило се подигнати со “Пајак”


Во текот на изминатиoт ден (08.10.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди. Потоа 41 возач е санкциониран бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.

Исто така исклучени се и 22 возачи бидејќи 16 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и двајца биле возачи почетници. Од сообраќај се исклучени 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани и едно поради претовар.

Санкционирани се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и осум кои поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози, додека исто така 81 возило се подигнати со “Пајак”.


Видете следно

Еве што понудил Мијалков за да си ја купи слободата

Сашо Мијалков понудил гаранција во вредност од милион евра за да излезе од затворот во …