Вчера седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената во Скопје


Во текот на 28.10.2019 година на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 15 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 16 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 57 мандатни платни налози, а 65 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …