Вчеравечер, идните невести ги одбираа најубавите венчални фустани на седмото издание на “The Bridal Fashion Night”


Вчеравечер, идните невести ги одбираа најубавите венчални фустани на седмото издание на “The Bridal Fashion Night”, настан кој е комплетно посветен на свадбениот ден, а се одржа во „Скопје Мериот Хотел“.

Во организација на Моден Викенд Скопје и Скопје Мериот Хотел, на вечерта посветена на идните невести, посетителите ги проследија последните колекции на венчални фустани и свечени тоалети од модните дизајнери: “Minna Fashion”, која го отвори ревијалниот дел на настанот, а венчалната колекција која беше инспирирана од готската уметност, содржеше многу интересни аксесоари и цветови. Веднаш потоа, посетителите имаа можност да ја видат најновата колекција на “Anna Bora Atelier” наречена „Пчела во снег”. Студио “Marie Antoinette” преку сензуалната елеганција на тоалетите ја претстави женственоста на модерната и самоуверена жена. Спектакуларната и храбра ревија на “JZJ by Zlatko Jovanovski” – Couturier со колекцијата “JZJ THE GREAT”, го доведе до крајот ревијалниот дел на “The Bridal Fashion Night”. Посетителите на настанот ја имаа можноста одблизу да се запознаат со услугите и условите кои ги понуди Скопје Мериот Хотел, кој со својата одлична локација и уникатен простор е идеално место за вашата венчавка од соништата.

 


Видете следно

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, …