Вебинари: Претприемничкото образование како двигател на економијата


Што е потребно за раст на претприемничкото образование во земјава, каков кадар посакува бизнис секторот и какви промени се очекуваат со образованието во земјава, каква поддршка очекуваат младите луѓе во градењето на нивните компетенции за пазарот на труд, се само дел од темите на вебинарите „Забрзан раст на претприемничко образование”, што се одржаа на 28 октомври и 4 и 11 ноември во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, со цел да се подигне интересот за важноста на претприемничкото образование.

На официјалниот дел од отворањето на вебинарите на присутните учесници и гости им се обрати претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски, претставникот од Џуниор Ачивмент Европа, Салваторе Нигро и извршната директорка на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска.

Јановски во обраќањето истакна дека зајакнувањето на претприемништвото во образованието е клучно за долгорочниот развој на економијата на Северна Македонија и со ангажирање на младите луѓе – еден од највредните ресурси во државата. УСАИД и Џуниор Ачивмент, додаде, помагаат во обликувањето на економските можности и вработувањето во земјата.

Извршната директорка на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска смета дека е вистинско време да се нагласи потребата од зголемување на квантитетот, квалитетот и влијанието на образованието за претприемништво во наредните години, и да укаже дека секој млад човек треба да има барем едно практично претприемачко искуство пред да го напушти училиштето.

Според извршниот директор на Џуниор Ачивмент Европа, Салваторе Нигро, вебинарите се одговор на новонаметнато време, кога процесот на образование се соочува со нови реформи и промени повеќе од кога било, и дека во моментот кога ќе заврши кризата што ја наметна пандемијата, ќе започне и закрепнување на економијата, а затоа се потребни искусни претприемачи”.

На вебинарите се дискутирало за тоа каков вид на кадар им треба на компаниите, кои вештини и компетенции им се потребни на младите луѓе за идните работни места, за образованието и методологијата на наставата во нашата земја и за промените што треба да се направат како и за трендовите во образованието во соседните земји, регионални иницијативи и важноста од мобилност на младите и прекугранична соработка со нивни врсници.

Преку вебинарите се отворијалеи низа можности за широката јавност да слушне новости за претприемничкото образование, начините за зголемување на соработката помеѓу бизнисот и образованието, потребата да се инвестира во образованието на младите од најрана возраст, зајакнување на врските и вмрежување едни со други организации и важноста за трансфер на знаење и искуства од претставници на мрежата, со крајна цел споделување на претприемачки дух и забрзување на растот на претприемничкото образование во земјава.

Над 150 учесници – претставници на Владата, деловниот сектор, УСАИД, Фонд за инвестиции и технолошки развој (ФИТР), Агенција за поддршка на претприемништвото на РСМ (АППРСМ), невладини организации, претставници од канцелариите на Џуниор Ачивмент Европа, Албанија Бугарија Србија и голем број наставници, директори на средни училишта и алумни членови имаа можност да ги проследат вебинарите по дигитален пат.

Вебинарите се дел од Проектот на УСАИД за Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија, имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија им овозможува на младите да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата во земјата. сст/сп/

Скопје, 11 ноември 2020 (МИА)


Видете следно

Директорката на ММФ ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат …