Велес ќе биде вклучен во меѓународен проект за културно наследство


Велес, 29 мај 2020 (МИА) – Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé” со седиште во Бордо, во партнерство со асоцијацијата на градови од С. Македонија со архитектонско наследство со седиште во Велес. Покрај Велес во проектот ќе бидат вклучени: Скопје, Битола, Берово, Кратово, Крушево, Охрид, Штип и други градови посветени на заштита на културното наследство. Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени пет француски градови.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес – конференција информира дека со овој значаен проект што ќе се реализира во партнерство на Република Франција со Република Северна Македонија и Република Албанија планирана е размена на знаења и стандарди за урбанистичко планирање на старите јадра во градовите, пејсажната архитектура, валоризацијата и развојот на туризмот преку културното наследство.

–Со цел оваа тематика да го најде своето вистинско место на планот на евроинтеграциите на локално ниво, веќе разговаравме и со Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС за нивно вклучување во реализацијата на активностите и проектите, појасни Коцевски.

Тој упати јавна благодарност до Марилиз Ортиз, директор на Француската асоцијација „Ситé е Ситé”, Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, до амбасадорот на Република Франција Крисијан Тимоние и нашата амбасадорка во Франција Јадранка Чаушевска за поддршката на овие значајни проектни активности.

Во проектот е вклучено и нашето Министерството за култура, македонските градови и универзитетите, а ќе се одвива во соработка со партнерите од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албанија и градовите Берат и Елбасан.


Видете следно

Починати 8 лица: Еве колку нови случаи со коронавирус се регистрирани денес

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани …