Велигденска донација од 1 тон млеко од Бимилк за СОС Детско село


Велигденска донација на Битолска млекара за СОС Детско село. Во следните месеци вкупно 1 тон чоколадно млеко збогатено со 10 витамини ќе биде дел од трпезите на сејмените куќи во организацијата.


При доставата на донацијата, што се реализира во склоп со мерките за претпазливост поради пандемијата со КОВИД, и повторно во духот на претстојниот празник, за децата од СОС Детско село беа донесени и црвени велигденски јајца.

Битолска млекара преку честите донации во опрема и производи за СОС Детско село се докажува како посветен поддржувач на заложбите на глобалната хуманитарна организација за згрижување и обезбедување топол дом за секое дете.


Видете следно

Конференција „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!”

Црвениот крст на град Скопје и Швајцарскиот Црвен крст денеска ќе одржат онлајн конференција на …