Велика Британија ја избегна тројната рецесија


Велика Британија ја избегна тројната рецесија, откако нејзиниот бруто домашен производ забележува раст од 0,3% во првиот квартал на годината, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Главна заслуга за тоа има услужниот сектор во Кралството, како и производството на нафта и гас во Северното Море.

Економскиот подем на годишна основа е 0,6 отсто – рекорд по крајот на 2011.

Веста сепак едвај ќе го ослабне притисокот врз финансискиот министер Џорџ Озборн, коментира DPA.

Минатата недела агенција Fitch го намали екслузивно кредитниот рејтинг на земјата поради загриженоста дека економијата не е подготвена да се справи со евентуални шокови.

ММФ пак препорача да се олеснат дел од мерките за штедење, за да се стимулира домашната побарувачка.


Видете следно

Пет финансиски гиганти во САД купија злато за две милијарди долари

Морган Стенли, Банка на Америка, УБС, Велс Фарго и Блекрок ги зголемија своите златни резерви …