Велика Британија ја нуди најслатката работа во светот


Фирма за санитарна техника во Велика Британија ја нуди најслатката работа во светот. Bathstore бара од работникот да испробува резервоари кои продавницата ќе ги нуди, соопшти сајтот “Њусру”.

Еден од условите е да има доволно место во вашата бања, за да може во неа да се стави дополнителна када. Должноста е нешто како менаџер на продажба. Тој ќе мора да поминува часови во топлата вода опкружена од облаци пена. Потоа менаџерот ќе ги сподели впечатоците во извештајот за квалитетот на стоката која продавницата ќе ја нуди.

За кисненето во кадата, вработениот ќе добива 6 илјади фунти годишно, при вообичаени приходи во земјата помеѓу 16-33 илјади фунти годишно. Иако плаќањето не е големо, веќе има неколку кои конкурираат за позицијата.

Директорката на маркетинг изјавила за весникот “Мирор” дека во следните неколку недели ќе биде направен краток список на кандидатите, за кој ќе биде избран како најпогоден за должноста.


Видете следно

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 213 возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела (10.01 – 16.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …