Велика Британија може наскоро да го загуби првокласниот кредитен рејтинг


Денот кога Велика Британија ќе го загуби првокласниот кредитен рејтинг, се чини се повеќе се приближува, иако приоритет на актуелната влада е тој да се одржи, пишува CNBC.

Вчера меѓународната агенција за рејтинг Standard & Poor’s (S & P) ги намали изгледите за максималниот кредитен рејтинг на земјата до “негативен” поради слабата економска обнова и лошата состојба во која се наоѓаат јавните финансии.

По акцијата на S & P сите очекуваат реакција на Moody’s. Агенцијата вети дека ќе го преиспита британскиот кредитен рејтинг во почетокот на 2013 година.

Влијанието од намалувањето на кредитниот рејтинг, сепак може да биде релативно мало за Велика Британија. Дури, министерот за финансии Џорџ Осборн го омаловажуваше значењето на рејтингот на Велика Британија во последните недели.

“Ова е еден тест, заедно со другите, но најдобриот тест е при каква камата може да зајмиме пари”, коментира Осборн пред британскиот парламент во четвртокот. Тој го даде примерот со Франција и САД, кои исто така ги загубија првокласните рејтинзи, но тоа не доведе до скок во профитабилноста на државните обврзници.

Покрај тоа, голем дел од заканите за британската економија веќе беа упатени од пазарите. Затоа намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата би имало повеќе симболичен ефект отколку катастрофален, коментира Сајмон Велс, главен економист во HSBC.


Видете следно

Цените на скапоцените металите се зголемуваат, унца злато 2.069 долари

Лондон, 6 август 2020 (МИА) – Цената на златото денеска се искачи на ново рекордно ниво, бидејќи пандемијата …