Велика Британија се фали со најниска невработеност во последните 5 години


Невработеноста во Велика Британија го достигна најниското ниво овие пет години, што сепак не значи дека кризата е останата во минатото. Работните места се намалени на 6,8 %, пренесе БНР .

Луѓето без работа на Островот се со 133 илјади помалку, покажуваат последните податоци на Националниот институт за статистика во Лондон. Сега едвај 2,2 милиони земаат социјална помош.

Премиерот Дејвид Камерон призна во пораката на Twitter дека претстои уште многу работа за целосно обновување на економијата, но го поздрави падот на невработеноста како знак дека Британците веќе имаат поголема финансиска сигурност.

Податоците покажуваат дека добрата вест е предизвикана од наглиот скок на бројот на луѓето, кои почнале свој бизнис. Само минатата година тие се зголемиле за 375 илјади. Во моментов четири и пол милиони луѓе на Островот се самовработени.

Според експертите тоа го покренува прашањето колку од нив биле принудени да го следат патот на претприемништвото само затоа што биле отпуштени и дали нивниот бизнис воопшто ќе биде успешен.


Видете следно

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА ЛАЖНА ДОЈАВА И ПОВТОРНО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Со ова известување би сакале да ја информираме јавноста дека денешната дојава за подметната експлозивна …