Веро донира производи од 1 милион денари за Клиниката за инфективни болести во Скопје


Веро донира производи во вредност од 1 милион денари за Клиниката за инфективни болести во Скопје со цел да ги зајакне капацитетите на оваа институција која е една од најангажираните здравствени установи од почетокот на кризната состојба со коронавирусот.

Донацијата на Веро се состои од хигиенски производи, средства за дезинфекција и други производи кои во моментов ѝ се најпотребни на Клиниката, како и здрава храна, витамини и освежителни пијалаци за медицинскиот персонал кој вложува максимални напори за лекување и грижа за хоспитализираните лица. Оваа донација Веро ја обезбеди во соработка со своите добавувачи, а доставувањето го организира во координација со кризниот штаб при Министерството за здравство за да им помогне на државните институции во справувањето со здравствената криза.

– Како компанија која повеќе од 20 години е присутна на македонскиот пазар, секогаш им излегуваме во пресрет на институциите и граѓаните кои имаат потреба од помош и поддршка. Донацијата за Клиниката за инфективни болести ја доставуваме во време кога нашиот здравствен систем се соочува со многу сериозен предизвик, а капацитетите на оваа здравствена институција се максимално оптоварени и изложени на притисок. Дополнително со нашата донација, во духот на велигденските празници сакаме да им се заблагодариме на здравствените работници за тоа што максимално се ангажираат на своите работни места грижејќи се за здравјето на сите граѓани – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Компанијата и во иднина ќе продолжи да помага со своите капацитети во справувањето со здравствената криза и да им пружа поддршка на институциите во земјава. Веро будно ги следи состојбите и ги презема сите неопходни мерки со цел да го спречи ширењето на вирусот и максимално да ги заштити своите потрошувачи и вработените, а притоа да овозможи различни начини за континуирано и непречено снабдување на потрошувачите со потребните производи. За таа цел, изминатиов период Веро воведе неколку нови услуги за брзо и безбедно снабдување на своите потрошувачи, како што се телефонска нарачка на производи и свежо месо и нивна испорака до домовите на граѓаните во периодот кога важат мерките за ограничено движење и услугата Vero Drive за онлајн нарачки на производи кои подготвени се подигнуваат од Веро центар.


Видете следно

Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до јули следната година

Калифорнија, 7 август 2020 (МИА) – Компанијата Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат …