Верувања за Велигден, што треба да ги знаете


Како и секој голем празник, Велигден е ден во кој луѓето прават ритуали кои ќе им донесат здравје и среќа.

Прочитајте некои од најраспространетите верувања за Велигден:

Во ноќта спроти Велигден донесете вода од бунар или истурете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода посипете ја собата. Така се бркаат гревовите, лошите мисли и злата. Дете кое се родило во таа седмица и најчесто ако е родено на Велигден, ќе биде среќно во секој потфат и нема да се жали од недостаток на добро здравје.

Младите жени кои сеуште немаат понуда за брак, потребно е да ги кажат следниве зборови, неколку минути пред почетокот на Велигден : „Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!“ Се проценува дека на Велигден се исполнуваат сите љубовни желби.

Ако некаде си го удрите лактот, поранешниот дечко сеуште не може да ве заборави и ќе направи сè за да ве врати. Ако во чинијата со јадење падне инсект, ќе ви се јави стар другар за средба, кој ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви штрби долната усна, очекувајте нова љубов.

Во ноќта спроти Велигден не смее да се прави галама. Во обратен случај тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом. Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна. Одговорот е Вистина воскресна! Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и поради тоа таа се нарекува Светла велигденска недела.


Видете следно

Наставник од селото Чегране осомничен за полов напад врз ученичка на возраст од 9 години

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое …