Фото;: Facebook

Весна Бејби му испрати порака на Заев: Еве што му порача актерката


Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот Фејсбук профил напиша статус посветен на премиерот Зоран Заев:

Статусот ви го пренесуваме во целост:

„Дали навистина?

Не знам за Вас ( ќе го задржам моето домашно воспитување и не Ве познавам, така од онаде ќе Ви направам муабет ) господине Заев, но еве јас ќе кажам за себе.

Патем ич не се занесувам дека ќе Ви значи овој мој муабет, но затоа што се фалите и мене ми дојде да Ви се пофалам колку е убаво ова место за живеење.

Почнувам:

Mојот син има 16 години и уште оваа година ќе живее во Македонија. Следното лето заминува во САД.

Едвај чека да се школува во Америка ( фала богу има татко ,па може да му обезбеди) и не поднесува во буквална смисла на зборот што се случува. Инаку легалист ми е детето, знае!

Вие сте родител, верувам ме разбирате!Емпатични сте, така барем повторувате постојано.

Знаете колку е поразително кога дете од 16 години ќе соопшти:

Мамо јас ќе одам да учам и ќе те повлечам и тебе.Се утепа од работа за ништо.

Така некако се живее во нашата земја господине Заев.

Каде е системот за да ги мотивираме нашите деца?

Каде е грижата за жртвите на сексуaлнoто насилство?

Каде е поддршката за семејствата кои имаат деца со посебни потреби? Им направил некој муабет? Ги охрабрил?

Каде е грижата за културолошка насока кај најмалите?

Сите сме заглавени во кредити и живееме од денес за утре. Ох да не заборавам и слушаме снимки со навpeдлива содржина.

Еве да Ви кажам господине Заев дека утре ( не дај бoжe скраја да е) ако умp aм ,ќе ја ставам државата на трошок , затоа што не можам да тргнам денар на страна за не дај бoжe де.

Некако така се живee во нашава земја. Ама затоа народните пратеници, министри немаат гајле. Заборавив на одмор сте, јас не отидов на одмор.

Јас сум една од тие 62% кои не можат да одат на одмор. Така се живее во Македонија, чесно! За друг начин немам поим.

Поздрав кај и да сте! Поздравете по дома, на плажа и околу!“, напиша Весна Бејби.


Видете следно

Премиерот Заев во Струга: Денес пуштен најголемиот ИПАРД проект во истoријата во Струга. За прв пат не враќаме пари туку ќе бараме повеќе од ЕУ

Денеска во Струга свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“, за производство, обработка, расекување и …