Breaking News

Видео честитка од Ахмети по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати видео честитка по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј до македонскиот народ.


-Почитувани мои сограѓани, нека е честит Денот на словенските просветители Кирил и Методиј.


Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ – нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме да се потсетиме на овој важен ден дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет.

Нека е среќен и честит празникот!, вели Ахмети во видео честитката по повод 24 Мај. вг/цр Фото: принтскрин .


Извор: МИА