(ВИДЕО) Додека портпаролот на СДСМ имаше прес, во позадина му ја пуштија “Нешто ќе те питам бабо”


Денес портпаролот на СДСМ одржа прес пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ, а во позадина му ја пуштија новата песна на Некст Тајм, “Нешто ќе те питам бабо”.

Еве што изјави Костадинов на пресот:

“Дебаклот на ТВ дуелот ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда со пресови, Мицкоски да каже за фирмата на неговиот баџанак. ВМРО ДПМНЕ никако не успеа да ги научи лекциите. Поразот, дебаклот што му се случи на Мицкоски на ТВ дуелот не се покрива ниту затскрива со прес конференција.

Мицкоски е чест гостин во Струмица, и јавноста знае дека е близок со својот баџанак, Јанев Јорданчо.

Токму баџанакот на Мицкоски има своја фирма во Република Бугарија, отворена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „Дано Транс ЕООД“.

Прашањето е кој е личниот интерес на Мицкоски од овие бизниси? Имајќи предвид дека оваа фирма е дел од најблиската фамилија на Хидро Мицкоски.

Република Бугарија е членка на Европската унија и интерес на секоја компанија е да излезе на пазарот од 500 милиони, впрочем затоа е важен процесот на интеграција во ЕУ.
Ја разбираме нервозата кај Мицкоски но јавноста очекува одговори од него.”



Видете следно

Победнички пат: Новата Opel Corsa е „компаниски автомобил на годината“

Техничар, курир или извршен директор – сите видови на професии возат автомобили што им се …